23/11/2024
Охрид

Претставата „Сопружници” од Вуди Ален утревечер пред охриѓани

На репертоарот повторно ќе се одигра тетарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска. Претставата ќе се одигра утревечер (10.12.2021 година) во салата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20.00 часот.

Играат:

Гејб – Ивица Цонев

Џуди – Елизабета Стефановска

Џек – Никола Тодороски

Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска

Мајкл – Филип Кипровски

Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев

Костимограф – Ванчо Василев

Инспициент – Филип Ангеличин – Жура

Светло – Борис Велјаноски

Тон – Митко Серафимоски

Избор на музика – Драгана Таневска

Дизајн на плакат – Борис Далчев

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.

Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!


WebOhrid / 09.12.2021 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид