Претставта „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс репризно пред охриѓани
Претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, репризно ќе се прикажува во Охрид, на 10ти јуни (недела), со почеток во 20:00 часот. Влезот ќе чини 200 денари.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски, во режија: Софија Ристевска Петрушева. Превод: Јасмина Петровска, сценограф: Михаел Димитровски, костимограф: Андреј Ѓеоргиевски, кореограф: Кире Миладиноски, фото и дизајн: Петар Тасевски.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.“ – вели Софија Ристевска Петрушева.
Билетарницата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот.