08/09/2024
Спорт

Претставена македонската олимписка делегација

Македонија на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) што ќе се одржат од 26. јули до 11. август во Париз ќе ја претставуваат шестмина спортисти.

Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.

viber_image_2024-07-22_13-28-13-590

На денешната прес-конференција во Македонскиот олимписки комитет (МОК), беше презентирана комплетната македонска делегација која ќе ја сочинуваат Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (Борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).

viber_image_2024-07-22_13-28-13-844

Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).

viber_image_2024-07-22_13-28-14-004

Олимписката делегација беше и кај Претседателката на Македонија, г-ѓата Гордана Силјановска Давкова која и го даде знамето на Милијана Релиќ наменето за отворањето на Олимписките игри во Париз.

Foto (5)

-Со чест и задоволство го врачив македонското знаме коешто нашите олимпијци ќе го развиорат на отворањето на Летните олимписките игри во Париз 2024.

Со гордост и достоинство бранете ги боите на Македонија.

Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце, истакна Силјановска-Давкова.

Foto (8)


WebOhrid / 22.07.2024 / МОК