Претставници од Општина Охрид учествуваа на турнир од Јадранската Текбал лига
Претставници на Општина Охрид беа дел од турнирот на Јадранската Текбал лига која се одржуваше иминатиот викенд во Бар, Република Црна Гора.
На турнирот учествуваа натпреварувачи и спортски работници од Балканските земји, вклучувајќи ја и Полска.
Во рамките на настанот, раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид, Јоне Станковски оствари средби со претставници на Текбал федерациите од повеќе земји, на кој се дискутираше за поголема промоција на овој спорт во Охрид и Македонија. Исто така, на средбите било разговарано и за можноста за организирање на турнири во Охрид, со цел зголемување на понудата на градот и развој на спортскиот туризам.
Учеството на турнирот се реализираше на покана на Текбал федерацијата на Црна Гора, а охридскиот тим го сочинуваа Александар Бакулески и Коста Трифуноски од ГФК „Охрид Лихнидос“ и лиценцираниот текбал судија, Фатмир Бафто.
WebOhrid / 22.07.2024 / Општина Охрид