25/11/2024
Спорт

Претстојниот викенд започнува пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2023-24 во МФЛ

Претстојниот викенд, 16. и 17. февруари, започнува пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2023/24 во Прва и Втора МФЛ. 

Гостивар – Вардар е саботниот меч кој го отвора 19. коло од нашата најдобра фудбалска конкуренција. Останатите пет натпревари се закажани в недела со почеток во 14:00 часот. 

Актуелниот првак, Струга Трим Љум гостува во Скопје против Работнички. Во Штип, Брегалница го пречекува Тиквеш, а Силекс во Кратово е домаќин на струмичка Брера. Во Скопје се предвидени уште два меча, во Ѓорче Петров, Македонија ќе се соочи со Шкендија, а на Чаир, Шкупи го пречекува составот на Воска Спорт. 

Од претстојното 19. коло на Прва МФЛ, Македонската Телевизија ќе ги пренесува натпреварите:

сабота, 17.02.2024

14:00   ГОСТИВАР – ВАРДАР

недела, 18.02.2024

14:00   РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Трим Љум 

Натпреварите од Втора МФЛ се закажани в сабота со почеток во 14:00 часот. Лидерот на табелата, тимот на Беса го печекува Осогово, додека Детонит кој заостанува пет бодови на второто место, гостува во Неготино против Вардар.

Останатите парови од 17. коло во Втора МФЛ: Арсими – Новаци, Скопје – Каменица Саса, Караорман – Кожуф, Охрид – Башкими, Пелистер – Беласица и Тетекс – Победа. 

Фудбалската федерација на Македонија во пресрет на почетокот на вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24 организираше работни средби и семинари со официјалните лица на натпреварите (делегати и контролори), потоа со лицата од клубовите задожени за безбедноста и интегритетот на натпреварувањето, а беше оддржан и редовниот семинар за судии со акцент на измените и дополнувањата на правилата на фудбалската игра и се разбира, подготвеноста на судиите од физички аспект. 

Натпреварувачката комисија во рамки на ФФМ посакува клубовите, во духот на фер играта, да ги остварат зацртаните цели, а фудбалерите да имаат успешни настапи.


WebOhrid / 15.02.2024 / ФФМ