Превентивен проект „Полициско-родителски патроли“ низ повеќе угостителски објекти во Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид, синоќа го реализира превентивниот проект „Полициско-родителски патроли“. Проектот е дел од активностите на оделението за превенција, а беше спроведен во периодот од 23 до два часот низ повеќе угостителски објекти во Охрид како во централното така и во периферното градско подрачје. Учестувуваа околу 15 родители кои доброволно се пријавија, заедно со преставници на Локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници од училишните одбори и од советот на родители од образовните центри во Охрид.
Притоа се направија обиколки на ноќните клубови и угостотелски објекти како и на други места при што родители имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои се можни да се случат во текот на ноќните забави. Полициските службеници, согласно овластувањата, легитимираа повеќе гости во угостителските објектви и предупредени се неколку малолетни лица околу законските обврски кои мора да се почитуваат, а беа легитимирани и неколку други лица по други основи.