Превентивна активност на СВР Охрид
Денеска (04.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со младинската организација од општинскиот електро-машински училишен центар “Св Наум Охридски“ во Охрид реализираа едукативна работилница посветена на проблематиката со злоупотреба на дроги.
Притоа, полициските службеници презентираа низа информации, но и практични сознанија од полициското работење околу зависностите од дрога, за последиците од употребата на дрогите и психотропните супстанци, како и околу казнените одредби што го опфаќаат недозволеното користење и тргување со дроги. Особено беа истакнати штетните и опасни последици што дрогата ги предизвикува кај младата популација и начините за превенција и сузбивање на таквите појави.