25/11/2024
Охрид

Превентивна активност на СВР Охрид во ООУ „Христо Узунов“ на тема врсничко насилство

Денес (01.11.2023) полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Христо Узунов“ реализираа превентивна активност на тема врсничко насилство. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од седмо до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.

Учениците беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого  да ги споделат тие информации.

Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите школски центри на подрачјето на СВР Охрид.


WebOhrid / 01.11.2023 / СВР Охрид