26/11/2024
Охрид

Превентивна активност на СВР Охрид во ОУ „Св.Климент Охридски“ и ОУ „Григор Прличев“

Денеска (22.11.2023) полициски службеници од СВР Охрид во основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Григор Прличев“ во Охрид реализираа превентивна активност на тема врсничко насилство.

Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од седмо до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.

Учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации.

Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид.


WebOhrid / 22.11.2023 / МВР