22/11/2024
Охрид

Превентивни кампањи за заштита од пожари за туристите кои патуваат преку Галичица

Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Св.Наум“ и претставници на Јавната установа „Национален парк Галичица“, деновиве спроведуваат превентивно-едукативна кампања.

Имено, тимови од полициски службеници и претставници на Националниот парк, кај кракот што од регионалниот пат Охрид – Св.Наум води кон туристичката населба Отешево, на граѓаните им делат летоци со едукативна содржина и, притоа, низ непосредни разговори со нив, ги потсетуваат на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, како и на потребата да ја почитуваат забраната за движење низ шуми и како да се однесуваат при движење на регионалниот пат низ шумските појаси.

Заедничките тимови, посебно ја нагласуваат потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.


WebOhrid / 18.07.2024 / СВР Охрид