Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар
Во рамките на кампањата „Безбедно лето“, вчера (29.07.2024) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и волонтери на Црвениот крст од Охрид во водите на Охридското езеро спроведоа превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар.
Тим од полициски службеници и волонтери со полициски глисер реализираа патролни активности и остварија кратки средби со граѓаните кои со своите пловни објекти пловат по езерото. Притоа, низ разговори, полициските службеници и волонтерите, ги потсетуваа граѓаните како да се однесуваат при топло време и високи температури, како да постапуваат кога тие или други лица во пловилото не се чуствуваат добро, кои се првичните неопходни мерки при манифестирање топлотен удар, а им делеа и вода за освежување и ги потсетуваа на останатите препораки за заштита од топлотен удар.
Тимовите, посебно потсетуваа на потребата граѓаните да бидат добро хидрирани, да носат светла облека, да не користат алкохол пред и за време на управување со пловилото, да избегнуваат патувања во најтоплите периоди од денот, да практикуваат почести застанувања на брегот и престој под сенка и други корисни информации за зголемена безбедност.
Притоа, на граѓените им беше поделен и едукативен материјал со практични препораки од Министерството за здравство и Црвениот крст на РСМ „Како против топлотниот бран“.
WebOhrid / 30.07.2024 / СВР Охрид