Презентација на смарт безбедносни системи во Општина Охрид
Современи софтвери, креативни паметни решенија и безбедносни платформи за надзор, кои се користат во различни сегменти на урбаното живеење во светските метрополи, денеска беа презентирани во Општина Охрид од страна на компанијата „Dahua Technology“ од Белград, Србија.
Во рамки на презентацијата, посебен акцент беше ставен на смарт-безбедносните системи за видео контрола, кои може да се применуваат во Охрид, во делот на евиденција на градските паркинзи, посовремено организирање на сообраќајниот режим во стариот дел на градот и подобрување на безбедностa во сообраќајот, на дел од критичните точки на градските улици.
Исто така, беа посочени сите позитивните искуствата и продобивки од имплементацијата и користењето на овие системи на локално ниво, во повеќе балкански држави.