26/11/2024
Охрид

Презентирана финансиската состојба на Општина Охрид

Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која информираше за затекнатата финансиска состојба на Општината и јавните претпријатија.

„Во насока на оправдување на довербата што охриѓани ми ја дадоа, имам обврска да ги информирам за состојбите на Општина Охрид и Јавните претпријатија. Вкупниот долг на Општина Охрид изнесува 856,831,830,00 денари. Во 2019 година , после финансиската помош од Владата на Република Македонија за раздолжување на Општина Охрид , долгот изнесувал  530,000,000.оо денари. Слична е состојбата и во Охридските јавни претпријатија. Тие вкупно  должат  497,600,819.оо денари  или околу 8 милиони евра. Комулативно  долгот на  општината и сите општински јавни претпријатија изнесува  1, 354,432,649.00 денари или околу 22 милиони евра.“ – рече градоначалникот Пецаков.

Кај јавните претпријатија „лидер“ во задолжување  е ЈП „Водовод“ – Охрид  со долг од 309,345,403.оо денари, од кои 244,989,712.оо денари е долг кон ЈП „Колектор“ од делбениот процес, а од основањето генериран долг од самото ЈП е 61,640,880.оо денари. Веднаш потоа е ЈП „Билјанини извори“ со долг од 78,198,322.00 денари.  ЈП „Охридски комуналец“ должи  60,000,000.оо денари, ЈП „Нискоградба“ 46,657,094.оо денари,  ЈП „Градски пазар“ должи  2, 400,000.оо денари, а ЈП „Градски гробишта“ 1,000,000.оо денари.   


WebOhrid / 20.12.2021 / Општина Охрид