При претрес во домот на охриѓанец пронајдена дрога
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”.
На 12.04.2017 година, во Охрид при претрес во домот на пријавениот, пронајдени се најлонска паковка со 1,23 грама марихуана и најлонска паковка со 5,17 грама хероин.