27/11/2024
Охрид

Пригодна свеченост во чест на Живко Чинго

Со доделување на наградата за најдобар расказ на Јована Матевска Атанасова, денеска беше одбележана 85 годишнината од раѓањето на Живко Чинго и годишнината од неговата смрт.

Поради актуелната здравствена криза со Корона вирусот „Ковид 19“ оваа година беше изоставено организирањето на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ и беше организирана само пригодна свеченост пред спомен обележјето на овој голем литературен деец, во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти.

Покрај делегацијата на Општина Охрид предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, свежо цвеќе пред спомен обележјето положија и членови на фамилијата на Живко Чинго, претставници на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот на борци.

Во рамки на свеченоста, пред присутните свое кратко обраќање имаше годинешниот добитник на наградата за најдобрар расказ, Матевска Атанасова која искажа голема благодарност до Општина Охрид и истакна дека оваa награда за неа претставува голема чест и поттик за понатамошно творештво и создавање на нови литературни дела.