Пријава за охриѓанец поради измама при продажба на возило
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Тој, во текот на март оваа година, извршил продажба на патничко моторно возило „фиат пунто“, сопственост на Н.Ц. од Охрид, но не ѝ извршил исплата на парите.