22/11/2024
Македонија

Пристигна најсовремена „коктел терапија“ за лекување на заболените од Ковид-19

Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”.

„Во моментов сме единствена земја во Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Лекот е за потребите на Клиниката за инфективни болести и ќе се дава на нехоспитализирани пациенти. Овој коктел од две моноклонални антитела се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид 19.“ вели министерот за здравство д-р Венко Филипче.