22/11/2024
Охрид

Притворен охриѓанец кој сакал да препродава дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.Д.(24) од Охрид, Нa П.Д. му е одредена мерка притвор од страна на надлежен судија.

Пријавениот, на 30 април 2019 година, преку поштенска пратка која ја подигнал од Пошта-Охрид лоцирана на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, набавил амфетамини, со цел натамошна продажба во помали количини. Во момент на излегување од поштата, врз П.Д. е извршен преглед при што е пронајдена пратката со амфетамини и пари. Предметите се одземени за понатамошна постапка.