23/11/2024
Охрид

Притворен охриѓанец поради нанесување тешка телесна повреда и насилство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.А.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка телесна повреда“ и ,,насилство“.
На 19.02.2019 околу 19.00 часот во продавница на ул.,,15-ти Корпус“ во Охрид, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал А.Д.(26) и му нанел тешки телесни повреди. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор до осум дена.