Притворен жител од Требеништа кај кого биле пронајдени пушки, пиштол и куршуми
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(30) од селото Требеништа, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, по што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа автоматска пушка, пиштол, ловечка пушка и повеќе куршуми со различен калибар.
WebOhrid / 19.02.2025 / СВР Охрид