26/11/2024
Македонија

Притворени крадци за тешка кражба во винарска визба во Гевгелија

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поради постоење основано сомненеи за сторено кривично дело – “тешка кражба“ поднесе кривична пријава против лицата Н.В (46) и М.Р (49) од Скопје, а кривично пријавени се и лицата И.В (52), С.А (59), Х.А. (25), Б.Ѓ. (53) сите од Скопје, и Б.И (53) од Прилеп поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело “помагање“ а во врска со извршување на кривичното дело – “тешка кражба“.

Имено, на 22.09. минатата година, во времето од 01.30 часот до 03.30 часот, Н.В. и М.Р. извршиле тешка кражба во просториите на винарска визба во Гевгелија. Тие влегле во кругот на винарската визба, а потоа влегле во внатрешноста на објектот, во канцеларијата на благајникот. Притоа, најверојатно со помош на оксигенски заварувач се обиделе насилно да ја отворат металната дводелна каса. Но, откако не успеале да ја отворат металната врата, ја извлекле од нејзиното лежиште и со оксигенскиот апарат направиле отвор, со дијаметар од околу 20 см. Од дејстувањето со оксигенскиот апарат и високата температува, видно биле оштетени, со нагорување, пластични папки со документација, кои биле во внатрешноста на горниот дел од металната каса, а биле нагорени и оставените парични средства во денари.Од металната каса тие успеале да одземат 640.000 денари, во различни апоени и 6.950 евра во различни апоени.

По извршувањето на тешката кражба, М.Р. за соодветна награда, на четвртопријавениот С.А. му дал пет делумно нагорени банкноти од по 1000 денари да ги замени во Народна банка на Република Македонија, по што тој на 24.09.2018 година, во НБ на РМ поднел барање за нивна замена, и истите на 27.09.2018 година му биле заменети.

Потоа на 05.11.2018 година, седмопријавениот Б.И, отишол во просториите на Народна банка на Република Македонија, со намера да изврши замена на 172 делумно нагорени банкноти од по 1.000 денари. Во просториите на банката при контакт со шестопријавениот Б.Ѓ, вработен во НБРМ, Б.И. бил упатен замената на банкнотите ја изврши преку менувачница во Скопје, при што Б.Ѓ. му овозможил контакт со петтопријавениот А.Х, вработен во менувачница, кој за соодветна награда, од 10 проценти, истиот ден ги земал 172 делумно нагорени банкноти а на пријавениот Б.И му исплатил 155.000 денари во готово без да му издаде документ. Исто така, Н.В. на 11.12.2018 година, на третопријавената И.В и дал 13 делумно нагорени банкноти од по 1.000 денари, со цел да ги замени во НБ на РМ. Таа веќе наредниот ден (12.12.), во 08.30 часот, пријавила 13 банкноти, од по 1.000 денари, за замена како делумно нагорени, но замената на банкнотите не е извршена. Набргу потоа, сторителите се идентификувани и пронајдени. На предлог на јавниот обвинител во Гевгелија, од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија на прво, второ и шесто пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, додека на трето, четврто и петто пријавените им е одредена мерка на претпазливост „задолжително јавување во суд“.