Приведен 16-годишник од Елшани кај кого биле пронајдени фалсификувани евра
На 09.07.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид е приведен е 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1050 евра и дрога.
Имено, при преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана.
По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.
WebOhrid / 10.07.2022 / СВР Охрид