Приведен 21 годишен скопјанец за издржување затворска казна
На 03.11.2020 година во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, го привеле А.Б. (21) од Скопје, поради тоа што бил баран со потерница за издржување казна затвор за извршено кривично дело по чл.236 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.