Приведен 25-годишен скопјанец, расчистена тешка кражба
На 21.10.2020 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Гази Баба го лишиле од слобода М.Ш.(25) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, извршено ноќта на 14/15.05.2020 во стан на ул.„Вамбел“ во Скопје.
По добиена наредба од Кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот кај М.Ш. и при претресот се пронајдени предмети кои потекнуваат од наведеното кривично дело. М.Ш. е приведен во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на предметниот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава.