Приведен албански државјанин на автобуската станица во Охрид
На 22.02.2018 година во 10:20 часот на меѓуградската автобуска станица во Охрид, поради сомнение дека нелегално престојува во Република Македонија и поради немање на документи за идентификација, полициски службеници го привеле лицето Ј.Б. (55) од Поградец, Република Албанија.
Личните податоци биле добиени по негов исказ.