Приведен албански државјанин на ГП „Табановце“
На 29.03.2019 во 20:45 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека за лицето К.Т.(33) од Република Албанија има распишана меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил лишен од слобода, а на 30.03.2019 во 01.00 часот бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.