Приведен албански државјанин поради незаконит риболов во Охридско Езеро
На 25.07.2019 во 13:00 часот во СВР Охрид бил приведен Д.А. (46) од Република Албанија, поради тоа што бил затекнат при незаконит риболов во Охридското Езеро. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.