Приведен албански државјанин во ПС Охрид
На 06.02.2019 година во 21:00 часот во Полициската станица Охрид, поради сторен прекршок по член 4 и 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, бил приведен А.Х. (44) од Република Албанија.
Тој не поседувал документи за утврдување идентитет и бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.