Приведен бегалец од затвор, баран со потерница
Полициски службеници од СВР Тетово денеска (18 септември) околу 10 часот и 20 минути, на улица “Штипска” во Тетово, го привеле 41-годишниот тетовец К.К.,кој се барал по распишана потерница од КПУ “Идризово”-Скопје за доиздржување на затворска казна од година и пол, за сторено кривично дело “кражба”, казниво по член 235 од Кривичниот законик.К.К. е спроведен за доиздржување на затворската казна.