23/11/2024
Македонија

Приведен бегалец од затвор, осуден на 16 години затворска казна

Денеска ( 21.06.2023) криминалистичката полиција при СВР Битола по распишана централна потерница од слобода го лиши Р. Р.(60) од с. Маково, општина Новаци, кој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп. Р.Р. е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело “убиство” по чл. 123 од КЗ, а за доиздржување има 9 години и 7 месеци. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.