Приведен белгиски државјанин на патот Кичево – Охрид
На 02.04.2021 во 18.00 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај битолска крстосница, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Л.Г.(21) од Белгија затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.