Приведен дилер од Охрид, пронајден кокаин
На 03.11.2023 во 19:35 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода А.К.(33) од Охрид.
По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја.
По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја.
Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 04.11.2023 / МВР