Приведен германски турист во туристичкиот комплекс „Инекс“
На 06.08.2024 во 13:00 часот во туристичкиот комплекс „Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа Р.С.(22) од Сојузна Република Германија. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
WebOhrid / 07.08.2024 / СВР Охрид