Приведен гостиварец за издржување казна затвор од 6 години
На 05.10.2020 во 19.50 часот, полициски службеници од Одделението за потраги Гостивар врз основа на судска наредба го привеле Ќ.А.(60) од Гостивар за издржување казна затвор од 6 години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик.