22/11/2024
Македонија

Приведен крадец од Албанија, фатен на дело во Мала Речица

Денеска (13.08.2022) во 02.50 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(32) од Р.Албанија. Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од куќа во с.Мала Речица, сопственост на А.Д.(33) од истото село.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.