23/11/2024
Македонија

Приведен крадец од Ресен, одреден му е притвор

Отсекот за општ криминал при СВР Битола, денеска (07.03.2022) до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Р.Б (28) од Ресен заради постоење основано сомнение дека тој во период од 01.03 до 06.03.2022 извршил 14 тешки кражби по чл.236 и чл.236 в.в. чл. 19 од Кривичниот законик на РСМ во куќи и верски објекти на подрачјето на Битола. Р.Б. е приведен од полициски службеници од полициската станица Битола, а потоа и изведен пред судија на претходна постапка, при што одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.