26/11/2024
Македонија

Приведен крадец од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Е.М.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 147.200 денари.

Пријавениот ги извршил делата во периодот од август до октомври 2018 година на подрачјето на општина Центар. Тој со употреба на сила и погоден алат влегувал во продавници, книжарница, една приватна фирма и одземал пари, платежни картички и други предмети.

По преземени мерки и активности, на 28.10.2018 година, Е.М. е приведен во Полициската станица Бит пазар. Тој ги признал делата и ги посочил местата каде биле дел од одземените предмети.