Приведен крадец од Скопје
На 27.07.2021 во 08.15 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар го лишија од слобода Џ.Х. (24) од Скопје, непосредно по извршување на кривично дело „тешка кражба во обид“ од барака сопственост на ЕВН Македонија на подрачјето на Центар.
Џ.Х. бил приведен во полициска станица, при што го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. Во координација со Јавен обвинител, по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.