21/11/2024
Македонија

Приведен крадец, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

На 05.11.2022 во 19.00 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од ЕВР Чаир бил лишен од слобода В.Б.(43) од с.Агино Село, поради тоа што бил затекнат на извршување кривично дело „кражба“ во правен субјект, каде бил вработен.

Од него биле одземени две цистерни и приколка, како и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело, прикачени на патничкото возило „фолксваген туаран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.