23/11/2024
ДебрцаОхрид

Приведен крадец што крадел во цркви во охридско

Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебрца, на 27.11.2020 година, во селото Ботун, приведен е Т.Б.(50) од Штип. Против него, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава.

Т.Б. е осомничен за извршена тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во охридското село Велгошти, и во црквата „Св.Никола“ во селото Белчишта, општина Дебрца, од каде одзел пари, а биле пријавени во полициска станица, претходниот ден.