На 09.04.2024 во 19.30 часот полициски службеници од СВР Охрид го приведоа М.Ј.(43) од Охрид, кој бил затекнат при вршење кражба во продажен објект во Охрид. Одземеното е вратено на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.