23/02/2025
Охрид

Приведен крадец во Охрид, фатен на дело

На 05.01.2022, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(33) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во куќа на улица „Винковачка“ во Охрид. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.