Приведен крадец во Охрид, фатен на дело, одземеното вратено на сопственикот
На 18.11.2023 околу 14:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.М.(51) од Струмица.
Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети.
Одземеното е вратено на сопственикот, а лицето е приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 19.11.2023 / МВР