Приведен криминалец баран од германската полиција
На 05.03.2021 во 13,00 часот на Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија бидејќи, при извршената гранична контрола е констатирано дека истиот е предмет на потрага во стоп листа со мерка „Апси“, а во врска со меѓународна потрага по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Тетово за понатамошна постапка.