Приведен криминалец баран со потерница
Денеска (28.11.2020) во 13:05 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага на ул.Алексо Демниевски во Скопје врз основа на издадена потерница од Основен суд -Скопје 1 го приведоа Д.Б. (36) од Скопје за издржување на казна затвор од две години во врска со чл.239 ст.3, чл.378 ст.3 од КЗ на Република Северна Македонија. Лицето е предадено на КПУ-Затвор Идризово.