Приведен криминалец баран со потерница
Полициски службеници од СВР Тетово, денеска (2 март) околу 11.40 часот, со судска наредба, го приведоа 30-годишниот Џ.С.од тетовско Слатино, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „насилство” казниво по член 386 од Кривичниот законик, по што тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.