Приведен криминалец баран со потерница
Денеска (20.04.2023) во 12.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(42) од с.Волково. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.