25/11/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години

Денеска (29.07.2024) околу 13.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(23) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.