26/11/2024
Охрид

Приведен криминалец од Охрид

На 12.11.2020 година во 10:15 часот на ул. Скупи во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги, го привеле В.Д. (39) од Охрид, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година и два месеци за извршено кривично дело по чл.130 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Лицето е спроведено во казнено-поправна установа.