25/11/2024
Македонија

Приведен криумчар на мигранти

Денеска (05.11.2021) во 14.20 часот на локалниот пат од с.Долно Количани кон с.Горно Количани, скопско, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Т.(30) од с.Долно Количани. За него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.